Во новата Ботаничка градина денеска засадени 1500 садници

Фото: Град Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан, денеска учествуваа во голема заедничка акција за садење на 1500 дрвја и садници во новата Ботаничка градина во Скопје, која се простира на 12.600 квадратни метри. Како што соопштуваат од Град Скопје, оваа акција за садење поддржана од УНДП е од огромно значење за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и справување со климатските промени, во рамките на заедничките заложби за заштита на животната средина во Скопје.

Новата Ботаничка градина која пред две години беше празен и неуреден простор, сега е новоуредена зелена површина за одмор и рекреација на посетителите. Заедничката акција и поддршката од УНДП за садење на нови 1500 дрвја и садници, е во согласност со заедничките приоритети за заштита на животната средина. Сакам да изразам голема благодарност до УНДП за нивната континуирана поддршка и напори со заедничка реализација на проекти во интерес на граѓаните, со цел зголемување на квалитетот на живот, како и заштита и унапредување на животната средина – истакна градоначалничката Арсовска.

Од Град Скопје информираат дека уредувањето на Ботаничката градина е дел од низата проекти од програмата „За модерно Скопје” за подигнување на нови зелени површини во градот, каде досега се реализираа три нови мега паркови, отпочна реализација на нови мега паркови во општина Карпош и Кисела Вода, кои се реализираат со цел унапредување на животната средина.

Во новата ботаничка градина се засадуваат автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, но ќе има и алохтони видови растенија донесени однадвор. Се садат воедно и ендемични растенија кои се специфични само за Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот