Избори во Русија / 1 јули 2020, Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Во Москва поради зголемен број на новозаболени со Ковид-19 повторно се воведуваат рестриктивни мерки

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин денеска најави воведување на нови ограничувања поради „тешката состојба” во градот предизвикана од ширењето на делта сојот на коронавирусот.

Од денеска сите настани со повеќе од 500 луѓе се забранети. Рестораните и баровите во Москва ќе можат да ги посетуваат само вакцинирани лица, оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци или покажат негативен тест не попстар од 72 часа.

Во Москва денеска се регистрирани 6.555 новозаболени, а во цела Русија – 16.715 луѓе, што е двојно повеќе од пред еден месец.

– Одлуките што ги донесуваме се тешки, непопуларни, но неопходни за да се спасат животите на луѓето, истакна Собјанин.

Поради наглото зголемување на бројот на заразени пред две недели, градските власти наредија задолжителна вакцинација на вработените во малопродажбата, просветните работници и лицата вработени во услужниот сектор.

Имунизацијата во Москва бавно се одвива, а помалку од 13 проценти од граѓаните примиле прва доза од вакцината против Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот