Во Италија нема повеќе место, сега Албанија ќе ги прифаќа мигрантите

Бротче со мигранти пристигнува на италијанскиот остров Лампедуза - Фотографија ЕПА

Албанија се согласи да биде привремено засолниште за илјадници мигранти додека тие, по пристигнувањето на бреговите на Италија, чекаат одлука дали ќе добијат азил или не.

Ова и даде на Албанија, одредено олеснување во управувањето со постојаниот прилив на мигранти од Африка. Оваа иницијатива беше објавена по средбата на италијанската премиерка Џорџа Мелони и албанскиот премиер Еди Рама.

Врз основа на договорот, Италија ќе финансира изградба на два центри во Албанија кои ќе можат да примат до 3.000 мигранти одеднаш. Жените и децата не се вклучени во планот.

Според Мелони, Албанија ќе обезбеди надворешна безбедност за двата центри, кои ќе бидат под италијанска јурисдикција.

Мелони рече дека доколку барањата за азил се обработуваат брзо, низ процедурата ќе поминат и до 36.000 мигранти годишно, но од територијата на Албанија, што ќе ги растерети пренаселените центри во Италија.

Стотици илјади мигранти стигнаа до Италија во текот на претходните години, по ризичното патување низ Средоземното Море од Либија, Тунис, Турција и други земји.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот