Во Хаг отворен Меѓународен центар за кривична одговорност на руското раководството за војната против Украина

Киев гранатирање/ Фото Zuma / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Меѓународниот центар за утврдување на кривична одговорност на руското раководството за војната против Украина денеска е отворен во Хаг во седиштето на Агенцијата на ЕУ за судска соработка (Eurojust).

Центарот треба да ги поддржи земјите кои веќе градат случаи против руски лидери за кривично дело агресија, што е последица на руската инвазија врз Украина.

Тоа е најнов чекор во заедничките напори ширум светот

Центарот нема да подига обвиненија или да издава налози за апсење на осомничените, туку ќе ги поддржува тековните истраги во Украина, Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Иницијативата е финансирана од Европска комисија, која денеска соопшти дека првата транша финансиска поддршка ќе изнесува 8,3 милиони евра.

Злосторствата во Украина ги истражува Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е лично одговорен за киднапирањето деца од Украина.

Меѓународниот кривичен суд нема јурисдикција да го гони кривичното дело агресија во Украина бидејќи Русија и Украина не го ратификуваа Римскиот статут со кој беше формиран судот.

Украина се залага за формирање меѓународен суд, додека други, вклучително и САД, поддржуваат суд кој би бил вкоренет во украинскиот правен систем, но со некои елементи на меѓународното право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот