
Во Грција е потврден првиот случај на вкрстување помеѓу волк и куче
Грчката невладина организација за заштита на дивите животни „Калисто“ објави дека благодарение на генетската анализа, во Грција е идентификуван првиот потврден случај на вкрстување помеѓу волк и куче, пишува „Јаху“.
Препорачано
„Ова е првиот потврден генетски (случај) во Грција“, изјави биологот Калиста Емилија Јоакимиду на прес-конференција во Атина во петокот.
Според генетската анализа, животното, чии примероци од ДНК беа откриени во близина на Солун, е 45 отсто волк и 55 отсто куче.
Случајот е откриен за време на анализа на 50 примероци од волци собрани во континентална Грција, рече Јоакимидо.
Организацијата „Калисто“, со седиште во Солун, е вклучена во потрагата по волкот што нападна и повреди петгодишно девојче од Србија на 12 септември во близина на приморскиот центар Неос Мармарас на полуостровот Халкидики во северна Грција.
„Калисто“ работи на проучување, заштита и управување со популациите и живеалиштата на големи месојади, како што се волците и мечките.
Популацијата на волци, вид заштитен со Бернската конвенција, постојано се зголемува во Грција, достигнувајќи 2.075 единки, според неодамнешната шестгодишна студија на „Калисто“.
Оваа популација вклучува најмалку три чопора од најмалку 31 волк што живеат на планината Парнити во предградието на Атина.
Нападот врз девојчето во Халидика повторно ги разгоре повиците за ограничување на бројот на волци, при што ловџиите и сточарите бараат право да ги убиваат.