Во Франција затворени 70 училишта, забележан е раст на сомнителни случаи со ковид-19

Во Франција се затворија 70 училишта откако се појавија нови случаи кои потсетуваат на инфекцијата со коронавирусот, соопшти денеска француското Министерство за образование, додавајќи дека откако се отворија повторно училиштата не е евидентиран ниту еден случај со ковида-19.

Училиштата ги „затворија своите врати“ по порастот на сомнителните случаи во пошироката заедница, изјави претставник на министерството за Си-ен-ен.

-На пример, 25 од 70 затворени училишта се наоѓаат во градот Сенс, затоа што во него е забележан уште еден случај на ковид-19, велат од министерството.

Повторно отворени 40.000 училишта

Во Франција минатата недела беа отворени околу 40 илјади училишта, а околу 1,4 милиони ученици се вратија на училиште. Досега се пријавени скоро 200.000 случаи на ковид-19 во земјата, а повеќе од 28.000 луѓе починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот