
Во Филаделфија беа запленети 16,5 тони кокаин
Во една од најголемите заплени на кокаин во историјата на САД, во акција на пристаниште во Филаделфија, американските власти открија 16,5 тони (15 метрички тони) од таа дрога во товарен брод „МСЦ Гајан”. Покренати се федерални обвиненија против двајца морнари, кои признале дека помогнале во товарење на кокаинот на бродот додека бил на море.
Препорачано
Според судски документи, обвинети се Иван Ѓурашевиќ и Фонофаве Тиасаге. Федерални агенти откриле дека тие го истоварале кокаинот од 14 чамци.
Американските федерални власти запленија на пристаништето во Филаделфија кокаин, чија улична вредност се проценува на повеќе од една милијарда долари, објави претходно на Твитер канцеларијата на државниот обвинител за Источниот округ на Пенсилванија.
-Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Источниот округ на Пенсилванија. Членови на екипажот на бродот се уапсени и се соочуваат со федерално обвинение, а истрагата е во тек, објави канцеларијата на Твитер.
Инспекторите веруваат дека кокаинот е префрлен на товарниот брод „МСЦ Гајан” на Бахамите или откако го напуштил пристаништето на тие острови.
Се наведува дека бродот во САД пристигнал од Чиле, преку Панама и Бахами.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5