Фото: Wikipedia / Missjr92

Во ЕП нѐ брани словенечката пратеничка Ирена Јовева, по потекло Македонка – ги цитираше „Дубиоза колектив“

Европратеничката Ирена Јовева, претставник на Словенија во Европскиот парламент (Движење Свобода-Ренесанса), на денешната седница на Европскиот парламент во Стразбур на тема „Односите ЕУ-Западен Балкан во светло на новата пакет за проширување”, повика „да престанат лажните ветувања за земјите од Западен Балкан“.

Јовева е родена во Крањ во 1989 година, а нејзините родители се Македонци.

Цитирајќи го босанскиот бенд „Дубиоза колектив“ дека празните ветувања се најдобрата реклама, таа ги повика земјите-членки на ЕУ и колегите претставници „да престанат да даваат лажни и неисполнети ветувања“ и да се држат до она што им го ветиле на земјите кандидати.

Дополнително, според Јовева неопходно е да се биде подеднакво строг дома, во Европската Унија, кон земјите-членки кои се оддалечија од владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права и демократските вредности.

„Драги пријатели, вие припаѓате овде заедно исто колку и сите ние”, заклучи Јовева.

На дебатата учествуваа еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претставници на политички групи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот