Фото МИА

Во Бугарија уапсен Русин поврзан со разорната експлозија во пристаништето во Бејрут

Бугарските власти денеска потврдија дека уапсиле руски државјанин, по кого трага Либан поради наводна вмешаност во експлозијата во пристаништето во Бејрут во 2020 година, пишува српска Политика.

На 6 септември на аеродромот во Софија уапсен е Игор Гречушкин, кој се враќал од Кипар. Тој има двојно државјанство руско и кипарско.

Бугарија ги побара потребните документи за Гречушкин за да може да го екстрадира во Либан.

На 4 август 2020 година во пристаништето во Бејрут експлодира магацин во кој бил складиран амониум-нитрат, при што загинаа 218 луѓе, повредени беа над 6.000 лица, а голем дел од Бејрут беше разурнат.

Ниту еден либански владин претставник не е осуден за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот