Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Во Британија можни нови мерки пред Божиќ

Дванаесет лица заразени со омикрон починаа во Велика Британија, изјави британскиот вицепремиер Доминик Рааб, не исклучувајќи ја можноста за построги социјални ограничувања пред Божиќ.

Велика Британија бележи рекордно високи нивоа на случаи на ковид-19, а официјалните лица и министрите предупредуваат дека допрва ќе се видат целосните ефекти од последниот бран.

Омикрон, откриен минатиот месец во Јужна Африка и Хонг Конг, брзо се рашири низ светот и досега е забележан во најмалку 89 земји. Познато е дека тој сој многу лесно се пренесува, но сериозноста на заболувањето што ја предизвикува сè уште е нејасна.

Покрај 12 смртни случаи, Рааб рече дека моментално има 104 луѓе заразени со омикрон во болниците.

Официјалните лица минатата недела предупредија дека бројот на хоспитализирани може значително да се зголеми бидејќи последниот бран на инфекција сè уште се шири низ населението.

Можни се нови мерки

Рааб изјави за Тајмс дека не може да гарантира дека владата нема да воведе дополнителни ограничувања пред Божиќ.

„При проценката на ситуацијата, ние се потпираме на податоците што доаѓаат и ќе биде потребно малку повеќе време да се процени ова критично прашање за сериозноста на омикрон“, рече Рааб.

Секоја одлука што ќе го ограничи начинот на кој Британците го слават Божиќ ќе значи голема политичка цена за премиерот Борис Џонсон, чиј авторитет е поткопан од прашањата дали тој и неговиот персонал ги прекршиле правилата за целосно затворање минатата година.

Џонсон, исто така, доживеа огромен бунт во парламентот минатата недела, кога пратениците од неговата партија беа силно против построги епидемиолошки мерки.

За да ги донесе новите правила, кои вклучуваа обврска за носење маски на јавни места, Џонсон мораше да се потпре на поддршката на Лабуристичката партија, главната опозициска партија во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот