Во атарот на село Лешок пронајдени над 150 стебла „канабис сатива“

Фото: МВР

Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 16 часот и 30 минути на нива во атарот на тетовското село Лешок, во месноста „Гладница“, сопственост на 75-годишниот С.Б. од ова село, пронашле над 150 стебла „канабис сатива“.

Извршен е увид, неколку од стеблата се подигнати за вештачење, а другите се искорнати и уништени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот