Во Ангола пронајден розов дијамант за кој се верува дека е најголемиот во последните 300 години

Розов дијамант од Ангола/ Фото LUCAPA DIAMOND CO.

Во африканската земја Ангола е пронајден веројатно најголемиот дијамант во последниве 300 години, пренесува Би-Би-Си.

Розовиот дијамант „Луло Роус“ (именуван по рудникот во Ангола каде беше пронајден) тежи 34 грама.

„Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант пронајден од Луло продолжува да ја отсликува Ангола како важен играч на светската сцена“, рече Дијамантино Азеведо, министер за минерални ресурси на Ангола.

Слични вакви дијаманти претходно биле продавани за десетици милиони долари, како на пример „Розовата ѕвезда“ продадена во Хонг Конг за 71,2 милиони долари во 2017 година.

Најголемиот дијамант откриен се смета дека е дијамантот Кулинан, пронајден во Јужна Африка во 1905 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот