ВМРО-ДПМНЕ седиште / Фото: Слободен печат/Даган Митрески

ВМРО-ДПМНЕ: Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од себе си

Вистинското „зло” не е ВМРО-ДПМНЕ, туку неговото лицемерие и двојниот стандард, зашто секогаш кога не му даваат функција, одеднаш открива дека партнерот е „зло”.

Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. 
Од партијата додаваат дека сега ВМРО-ДПМНЕ му е „злото”, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седешл во Владата.

 

– Февруари 2024: Таравари самиот изјави дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДС го гледале неговиот блок како посакуван партнер. Дури признава и дека од Али Ахмети добивал неодоливи понуди „и прв албански премиер, и претседателски кандидат”. Ако тогаш ВМРО-ДПМНЕ не беше „зло”, зошто одеднаш стана?

– 23 јуни 2024: Владата беше изгласана со партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозициска коалиција Вреди. Тоа беше јасна победа над матрицата на криминализираната ДУИ.

– Мај 2025: Алијансата на Таравари ја напушти коалицијата со образложение за наводни „неисполнети ветувања”. Ама дел од неговата партија остана во Владата. Значи, проблемот не е идеологија, туку нешто друго. Можеби уцена!?

-А сега, за да се види колку е празна тезата „Владата е штетна”, да ги погледнеме бројките: прво, индустриско производство: +4.1% во јули 2025 во однос на јули 2024, второ, просечна бруто плата: +8.5% во јуни 2025 на годишно ниво, трето, реална плата: +3.8% поради стабилизирана инфлација, четврт, инфлација: 3.7% во јули 2025, далеку од двоцифрените пикови од времето на СДС и ДУИ.  Овие факти покажуваат дека државата оди напред, а не назад. дека нема катастрофа, туку стабилизација – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Таравари не знае што зборува или знае, ама намерно ја менува плочата за да си го оправда влезот и излезот од коалицијата.

-Вистинското „зло” не е ВМРО-ДПМНЕ, туку неговото лицемерие и двојниот стандард, зашто секогаш кога не му даваат функција, одеднаш открива дека партнерот е „зло”. Прашањето што останува е, со што е уценет Арбен Таравари и колку пати уште ќе ја продава истата приказна – прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот