ВМРО-ДПМНЕ го попречува справувањето на институциите со дојавите за бомби, обвини СДСМ

Миле Талески/ Фото Слободен печат

„ВМРО-ДПМНЕ ја попречува работата на институциите во спроведувањето на мерките за справување со дојавите за поставени бомби во училиштата. Јавните настапи на претставници од оваа партија, кои повикуваат на непочитување на новите протоколи, е директно поткопување на дејствувањето на надлежните институции во борбата против хибридните напади“, рече на денешната прес-конференција во Собранието пратеникот Миле Талески од Пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тој додаде дека безбедноста на учениците и обезбедување на непречен образовен процес се најважни, а новите протоколи за постапувањето изработени од експерти, се во оваа насока.

Како што рече Талески, веќе четири дена наставата се одвива без прекин, а безбедноста на учениците и наставниците е загарантирана. Исто така, посочи тој, обезбедено е и соодветно присуство на полицијата во училиштата.

Според пратеникот, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ „отвора сериозен сомнеж за нивната улога“ во ова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот