ВМФЛ: Гостивар лидер во есенскиот дел од сезоната

Фото: ФК Гостивар

Тимот на Гостивар есенскиот дел од сезоната го завршува на врвот на табелата во ВМФЛ.

Гостиварци денес со победата од 5:1 против Караорман го симнаа Вардар од лидерската позиција. Црвен-црните вчера славеа против Кожув (2:0), но сега повторно заостануваат еден бод.

Гостивар денес заслужено дојде до победата, два гола постигна Петковски, а по еден Танушев, Велинов и Муарем. Стрелец на единствениот гол за Караорман Алтин Лога кога изедначи на 1:1.

Најубедливата победа во ова 15. коло ја оствари Воска Спорт која го декласираше велешки Борец со 6:0.

ВМФЛ РЕЗУЛТАТИ:

САСА – ПЕЛИСТЕР 1:2

БЕСА – ПЕХЧЕВО 2:0

ГОСТИВАР – КАРАОРМАН 5:1

ВОСКА СПОРТ – БОРЕЦ 6:0

СЛОГА (В) – ДЕТОНИТ 1:3

БЕЛАСИЦА – ОХРИД 1:1

ТЕТЕКС – АРСИМИ 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот