Фото: Влада на РСМ

Владата потрошила 400.000 евра за промоција на саемот во Белград, тврди ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата дека троши 400.000 евра за промоција на саемот во Белград – по 100 илјади дневно.

Притоа, Владата забранува користење на името Македонија и придавката македонско. Јавната набавка за услугите за промоција и изработка на рекламите ја добила агенцијата „Рејтинг“, велат од партијата.

Македонија на Саемот се преставува пред посетителите со вкупно 42 винарии и три дестилерии и додека трае Саемот ќе се презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот