виенска штрудла

Вкусно задоволство: Виенска штрудла со цреши, јогурт и гриз

Дали сте пробале Виенска штрудла со цреши јогурт и гриз? Спој на вкусови кои ќе бидат вистински празник за вашите непца.  Совршена за уживање и искористување на сезоната на црешите. 

Состојки за фил со јогурт и гриз:

  • 3 јајца
  • 400 гр јогурт (2 чаши)
  • 1 чаша шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 1,5 чаша гриз
  • 1 прашок за печиво
  • 1 чаша масло

За премачкување:

  • 200 гр јогурт (1 чаша)
  • 1 ванилин шеќер
  • штрудла со цреши

Друго:

  • 500 гр кори за штрудла (10 парчиња)
  • 900 гр цреши без коски

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа додадете ги јогуртот и маслото. Потоа, додадете ги гризот и прашокот за печиво па измешајте така што ќе добиете мазна смеса без грутки. Подготвената смеса оставете ја во фрижидер еден час да се стегне малку. На работната површина ставете две кори за штрудла, премачкајте ги со малку фил од јогурт и гриз, посипете ги со цреши и убаво завиткајте ги. Иста е постапката и со остатокот од корите, така што треба да добиете вкупно пет штрудли. Наредете ги штрудлите една до друга во плехот за печење којшто претходно сте го подмачкале со масло.
Штрудлата премачкајте ја со јогурт и посипете ја со ванилин шеќер па печете околу 20-25 минути на температура од 170 степени, додека не добие убава златно-кафеава боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот