Фото: Приватна архива

Вкусен рецепт на Стефанија Несторовска: Посна наут манџа со доматно пире

Благодарение на вештите раце и инвентивноста на младата Стефанија Несторовска што стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, секогаш имаме можност да пробаме нешто интересно и несекојдневно.

Со оглед на тоа што велигденскиот пост е во тек, сигурно многумина од вас се придржуваат до него. Денеска уживајте во неповторливиот вкус на овој рецепт – посна наут манџа со доматно пире.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 3 моркови
– 1/2 од кромид
– масло за готвење
– 1 конзерва наут
– 1 тегла доматен сос
– 1 ќесичка спанаќ
– ориз по желба
– зачини по желба***
*** ако доматниот сос ви е веќе зачинет, нема потреба да претерувате со зачини, но ако не е, тогаш слободно додадете микс од зачини. Сол, бибер, оригано, кимион, кари, малку лутко и слично…

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Морковите и кромидот убаво се премиваат, се лупат и се сечкаат на мали коцкички. Наутот од тегла се премива со чиста вода и се процедува.

Во тавче, на средно-висока температура се додава масло за готвење. Се додаваат сечканите моркови и кромид и се остава да се пропржи неколку минути. Се додава и наутот, се промешува и повторно се остава неколку минути да се пропржи.

Се додава доматното пире и убаво се размешува за сите состојки да се соединат. Доколку користите зачини, додадете ги и нив.

Намалете ја температурата на тивко, поклопете со капак и оставете да се крчка 15-20 минути, за сите вкусови да се соединат.

На крај се додава и спанаќот, се промешува и се поклопува за да се зготви. Се трга тавата од оган. По желба се додава и малку магдонос одозгора за свежина.

Сервирајте со ориз или како целосен оброк.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот