
Викторија зборуваше за долговечноста на нејзиниот 26-годишен брак со Дејвид Бекам: Една работа била клучна
Викторија и Дејвид Бекам прераснаа во еден од најпознатите парови во светот во последните неколку децении, и покрај предизвиците и медиумските бури, нивниот брак траеше 26 години. Во ново интервју за „Ел“, модната дизајнерка отворено зборува за причините зошто нејзината љубовна приказна со поранешната фудбалска ѕвезда сè уште функционира, пренесува „Пипл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Покрај тоа, Викторија Бекам се присети како поминале долг пат заедно од запознавањето во 1997 година до венчавката во 1999 година и одгледувањето на четири деца – Бруклин, Ромео , Круз и Харпер. Клучот за траен брак, тврди Викторија, лежи во прифаќањето на промените и заедничкиот раст: „Во врските, луѓето често велат: „Си се променил“. Секако дека си се променил! Не си истата личност на дваесет години како што си на педесет. Важно е да учиш и да растеш заедно, а не да се бориш против тоа“.
Таа додаде дека поддршката на Дејвид била клучна, особено кога нејзината модна кариера штотуку започнувала. „Тој верувал во мене кога многумина не верувале. Вложувал во мене дури и кога луѓето ми се потсмевале и не ја сфаќал сериозно мојата работа. Тој секогаш бил тука за мене“, признала таа.
Нивната меѓусебна лојалност беше очигледна дури и во тешки времиња, особено за време на гласините за неверство додека Дејвид играше за Реал Мадрид. Двојката отворено зборуваше за тоа во документарецот Бекам: „Тоа беше најтешкиот период за нас. Се чувствувавме како целиот свет да е против нас, а во еден момент бевме еден против друг. Беше многу тажно“, опиша Викторија.
Дејвид додаде: „Гледањето колку ѝ беше тешко, беше неподносливо за мене. Но, ние сме борци и мораше да се бориме еден за друг, за нашето семејство и за она што го изградивме. Вредеше борбата.“
Нивната романса започна во 1997 година на фудбалски натпревар, а Дејвид ѝ предложи брак во јануари 1998 година. Само една година подоцна, во март 1999 година, го добија својот син Бруклин, а во јули истата година организираа раскошна свадба која ја следеше целата светска јавност.
Денес, речиси три децении подоцна, двојката продолжува да ја негува својата романтична врска. Ова лето, тие ја одбележаа својата годишнина со трогателни објави на социјалните мрежи. Викторија тогаш напиша: „Уште една година, уште едно поглавје во нашата љубовна приказна. Горда сум на нашето прекрасно семејство и животот што го создадовме заедно. Ти и нашите деца го комплетирате мојот свет. Те сакам бескрајно, Дејвид.“
ФОТО | Викторија му честиташе на Сер Дејвид Бекам за добиенaта титула: „Отсекогаш си бил мој витез“