Викенд на мртовци, а не е комедија

Така си е: нов полициски час во траење од три дена што ќе важи во голем дел од земјата. Има многу налутени, но не би требало да има премногу изненадени. Што сме дробеле, тоа ќе сркаме – ова е намерно кажано во множина, бидејќи епидемиите, по дефиницијата на својата заразност, ја користат шансата на „поединечниот“ плурал според кој и однесувањето на неколкумина може да го доведе во прашање здравјето на многумина.

Сега веќе тоа на сите би требало да им е јасно. А – неверојатно – уште не им е.

Она што е ново, е експлицитната забрана за верските посетувања на гробиштата, во очи на претстојниот православен „викенд на мртовци“. Секогаш кога пишувам за општествените аспекти на верата и верниците, гледам внимателно да бирам зборови, бидејќи иако самиот не припаѓам на ниту едно верско движење, го респектирам правото на други кои сакаат да веруваат во различните форми и патишта до задгробниот живот.

Прочитајте и...  „Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“

Па, сепак, повторно се наоѓам зачуден од недостатокот на (институционална?) емпатија кај најголемите верски деноминации во државава кога помеѓу верските ритуали и здравјето на верниците, секогаш ги преферираат ритуалите, наместо здравјето.

Да направам една груба паралела: ако развојот на медицината сè повеќе се занимава со тоа како да не се разболите, за да не мора да се лекувате; за очекување е дека и на верските организации би требало да им е поважно како да ви ја одржуваат вербата, наместо да ве погребуваат. Таа базична општествена дихотомија – медицината повеќе да се грижи за телото, а верата за душата – би требало да подразбере дека, иако и двете „дејности“, на свој начин, се во „бизнисот на лопатата“, неизбежниот мортален исход треба да е опција само откако ќе се исцрпат сите други можности за телесен спас на здравствените и верските „пациенти“. За да има смисла бавењето со состојбата на нивната душа.

И, сепак, не: како што ИВЗ не се откажа од групни молитви по џамиите и ифтарски вечери, така ни МПЦ не се откажа од лажичињата, литиите и посетите на црквите и гробиштата. Формално повикуваат да се следат упатствата пропишани во здравствените протоколи, но видел ли некој градски или селски поп и оџа со маска на лицето? Зошто би било тоа против верските протоколи? А замислете колку би била силна таа симболична порака!

Прочитајте и...  Пет до дванаесет за гласот на пензионерите

Потоа броењето на нови заразени кластери ѝ го препуштаат на секуларната држава. Плус, на државата можете да ѝ побарате оставки, формална поединечна или групна одговорност, можете да ја казните или да ја наградите на гласање, при избори (еве, овој јули)…

Ова НИКАКО не значи дека само нашите верски институции се виновни за новиот бран заразени. Кога би имало епидемиолошка графа со прашање за активната верска припадност на инфицираните, бројката на „безбожници“ веројатно би доминирала над бројката на верници – секој од нас би можел да се најде во тие графи, заради „плуралната“ природа, од почетокот на овој текст, на епидемиите.

Но, треба да се знае кој можел, а не се потрудил, ни на институционално ниво, ефикасно да помогне во неширењето на заразата. Бидејќи, ако не помагаш во неширење, тогаш помагаш во ширење – Младоженецот речито се потруди да одмага, а Поглаварот на православните тоа го прави со комплетен молк, мислиш е во егзил на Света Гора, препуштајќи ја својата паства на речникот на оној политички провокатор во владичка мантија.

Прочитајте и...  Објавени фотографии од верски обреди во црква во Аеродром: Верниците и поповите без маски и дистанца

До сега, државата бираше да се обраќа со апели и да не спречува и да казнува и кога имаше поводи за тоа. Таква ни е државата, особено оваа „техничкава“: сите калкулираат со гласовите (и) на верниците.

Таа лекција – „после сто прес-конференции“ – сега за поука со повторен карантин ќе ја платиме. И со „нула толеранција“ за сите кои не ги почитуваат протоколите.

Ни партија, ни мантија!

Прочитај повеќе

Јанушев: Ветинг за политичарите и судиите – Ние Груевски ниту сме го избркале, ниту планираме да враќаме некого (ВИДЕО)

Слободен печат

Пет до дванаесет за гласот на пензионерите

Мендо Димовски

Заев: Забегуваат политичарите после два мандати, долгото седење во власта направи богови од ДУИ (ВИДЕО)

Слободен печат

СЗО: Коронавирусот мутирал откако почнал да се шири низ светот

Слободен печат

„Голема Албанија“ на денот

Срѓан Ивановиќ

Андоновиќ: Хрватската опозиција најголем губитник на изборите (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Фокс њуз „по грешка“ го отстранила Трамп од фотографија со Епстајн и Максвел (ВИДЕО)

Слободен печат

„Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“

Сашо Орданоски

Болсонаро се потсмеваше со вирусот, а сега има симптоми на Ковид-19

Слободен печат

Сè погласна европска поддршка за коалицијата предводена од СДСМ

СТРАВ ОД КОРОНА: Трудниците земаат кредити за да се породуваат во приватни болници

Мими Шушлеска Петкова

Минималната плата за јули зголемена за 434 денари

Соња Кириџиевска