Владимир Милиќ - Балдо, тату-артист и уметник фото: Драган Митрески СП
Владимир Милиќ-Балдо - тату артист и уметник / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Владимир Милиќ – Балдо, тату-артист и уметник: „Не треба да се угледуваме на интернетот“

Уметноста не познава граници, а современите уметници ја покажуваат својата креативност преку различни форми и медиуми.
На тој начин поголемо значење добиваат уметниците кои не се ограничуваат на една форма, туку ги комбинираат различните медиуми за да создадат нешто ново и автентично.

Еден од нив е Владимир Милиќ – Балдо, тату-артист и микс-медиа уметник кој ги поседува сите овие таленти и секојдневно ги комбинира за да создаде уникатни дела.

Милиќ дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, а неговиот интерес за цртањето започнал уште пред 15 години, кога бил привлечен од маалските графити и уметноста што ја носат.

„Цртам графити, тетовирам и се занимавам со сè од креативен, илустраторски, уметнички карактер од 2007 година“, раскажува Милиќ за „Слободен печат“.

Тој е дел од многубројни проекти за цртање графити и мурали, како во Македонија, така и во странство, а пред неколку години започнал да се занимава со дигитална уметност и тетовирање.

Владимир Милиќ - Балдо, тату-артист и уметник фото: Драган Митрески СП
Владимир Милиќ – Балдо, тату-артист и уметник фото: Драган Митрески СП

Во интервјуто за „Слободен печат“, Милиќ истакна дека графити-културата, како и секоја друга форма на уметност, е сложена и често недоволно прифатена од јавноста, особено во контекстот на хаотичната реалност во Македонија.

Многумина го советувале да започне со тетовирање, но тој ни објасни дека тоа не било едноставно, земајќи го предвид фактот дека се работи за нечија кожа. Првично, тој бил скептичен, но по една посета на пријател од Ниш, каде што му било понудено да проба да тетовира, адреналинот и техниката го заразиле.

„Имав ситуација кога бев на гости кај мој пријател од Ниш, во Србија, Миња Нокс, и тој беше веќе ишаран цел, ме убедуваше да почнам да тетовирам“, ни раскажува Микиќ.

Владимир Милиќ - Балдо, тату-артист и уметник фото: инстаграм принтскрин
Владимир Милиќ – Балдо, тату-артист и уметник фото: инстаграм принтскрин

Во продолжение на интервјуто за „Слободен печат“, тој на креативците им истакна дека не треба да се угледуваат на трендовите на интернет за да создаваат дела.

„Не треба да се угледуваме на интернетот. Сите уметници од која бранша и да се, ако си креативен човек, немој да седиш на инстаграм… мрежата е направена за да ти го исцеди цел ендрофин што го имаш во тебе, да ти го убие чуството, потребата ти да створиш нешто“, предупредува Милиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот