Есма Реџепова и Симеон Атанасов Фото: Принтскрин/ Фејсбук/
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Симеон Атанасов: Имав само осум години кога Есма и Стево дојдоа кај мојата баба
Агнеса Чаволи
Пред
Најзначајниот придонес во развојот на ромската музичка уметност во Македонија го остави Есма Реџепова, чии дела се вбројуваат меѓу најдобрите на светско ниво. Иако нејзината музика достигна глобални височини, уметноста во ромската заедница во Македонија сè уште се бори за признание и поддршка.
Во оваа епизода на серијалот „Слободно со Агнеса“, ќе ја откриеме приказната на Симеон Атанасов, посвоениот син на Есма и нејзин менаџер. Тој ја споделува својата приказна, од растењето до неговата улога во одбранувањето на нејзиното наследство, како и поддршката на ромската уметност.
– Имав само осум години кога Есма и Стево дојдоа кај мојата баба. Јас сум дете на разведени родители, ме чуваше баба ми, а кога Теодосиевски слушнале дека имам талент за музика, дојдоа кај неа. Со устен договор, ете така било во тие времиња, без да бидат вклучени институции, јас бев однесен кај нив. Се грижеа за мене, ме подучуваа во областа на музиката, па така за кратко започнав да настапувам со нив – раскажува Атанасов за „Слободен печат“.
Симеон, кој веќе долго време живее со семејството надвор од државата, објаснува дека по долго размислување решил да преземе чекор за доброто на своите деца и нивната иднина и да си замине. Разочаран од власта која не се грижи за уметниците, Ромите, кои за нив се само музичари или „чалгаџии“.
– Во 1991 година, Стево и Есма Теодосиевски решија да се вратат од Србија во Македонија за да создадат музеј што ќе го чува нивното музичко наследство. Тогашните власти во Србија жалеа за нивното заминување, понудувајќи да се изгради музеј таму – раскажува Атанасов.
Есма Реџепова и Симеон Атанасов Фото: Принтскрин/ Фејсбук/
Сепак, по инсистирање на Стево, тие се преселиле во Скопје, решиле да изградат музеј во Скопје, по што започнале проблемите и предизвиците…
– Сигурно многумина од вас ќе се сетат на големиот наслов „На Водно нема да чука тарабука“ – вели Атанасов.
Не им дозволија да се гради музејот на Водно. Но, со големи маки и напор, музејот почна да се гради на Скопското кале. По смрта на нејзиниот сопруг Стево, на Реџепова ѝ останаа многу долгови.
– Така, еден ден ѝ предложив на Есма да подигнеме кредит за да го заврши музејот и да го види готов додека е жива – раскажува Атанасов.
Проследете го видео прилогот погоре.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Фамилијарните одмори и патувања за неа имаат посебно значење. Како најинтересни ги издвојува моментите поминати во автомобил кога патувале до некое ново место. Премногу била љупопитна како дете и поставувала многу прашања, па затоа и често и купувале енциклопедии, а за време на патувањата родителите „ја испрашувале“, открива за „Мое лето“, пратеничката и поранешната министерка …
Замислете дека сте затворени во соба од која единствениот начин за излегување е код кој се крие некаде во загатките. Доколку сакате авантура, адреналин, фанатици сте на авантуристички или хорор филмови, во Скопје се крие едно место идеално за вас! Станува збор за „Ескејп рум“, совршено место за забава за оние кои сакаат да истражуваат …