ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Петров: Не е прифатливо Национален сервис да стане партиска експозитура на ВМРО-ДПМНЕ

Андреј Петров/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

– ВМРО-ДПМНЕ игра популистички, поточно членовите играат на картата на популизам. Оваа афера покажува дека тие лиферуваат лажни анкети кои што им се пробиени со документи за да го креираат јавното мислење. Тоа е таа матрица. МРТ во своето однесување, ако тоа се потврди дека е точно е скандалозно и треба во моментот да повлече оставка на генералниот директор – рече Андреј Петров, лекар, дерматолог, универзитетски професор и член на СДСМ во интервју за „Слободен печат“.

Тој додаде дека од даноците на граѓаните се плаќаат луѓе и тие не смеат да го злоупотребат тоа водејќи конструирана политика на лажни кампањи и анкети и да креираат јавно мислење.

– Таа циркузијада, на два дена ќе излегуваме со анкета на националниот сервис е бедна. Ставање на националниот сервис кој постои со години наназад, кој бил еден од столбовите на македонската држава, во скутот на политичка партија, а имаш власт која те оставила да бидеш директор и не ти фалело ништо, со што сме покажале дека сме демократи и се изложуваме свесно да бидеме критикувани. Она што не е прифатливо е национален сервис да стане партиска експозитура и да биде во служба на партија, бидејќи тие се плаќаат со пари на македонските даночни обврзници – рече Петров.

Целото интервју можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот