Петар Богејски / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Петар Богојески: Немаме шанси за влез во ЕУ до 2040

Ние како Македонски концепт, во владината коалиција важиме за мотор кој притиска работите да одат подинамично. Се согласувам со општиот впечаток во јавноста, дека граѓаните се изненадени од статичноста на решенијата и бавниот тек на работите, бидејќи се навикнати на поинаков тек на работите од некое друго ВМРО-ДПМНЕ во минатото, вели лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.

– Ние притискаме за подлабоки реформски чекори. Унгарскиот кредит не е реформа. Тоа е исто како во некое семејство имате долгови и земате кредит во банка за да ги вратите. А ги земате од една или друга банка, во зависност од каматната стапка. Значи едно задолжување се затвора со друго задолжување. Тоа што е побитно е динамиката на реализација на структурни реформи, пред сè во јавната администрација, поради што ние сме дел од таа коалиција, ние во таа коалиција не сме претставени со владини функционери ниту сме се вклучиле клиентелистички како други партии, зборувам за кадровски решенија. Тука ние бараме подинамична реформа и дигитализација на администрацијата – изјави Богојески во утринската програма на Слободен печат.

За нашето членство во Европската Унија тој вели дека тука ништо не зависи од нас и дека до 2040 година ние немаме шанси да станеме полноправна членка, односно до моментот кога самата ЕУ ќе се реформира.

– Нема да влеземе додека не измислат ЕУ за сиромашни, за Западен Балкан. Од ЕУ нема да прифатат да им се повтори грешката со Бугарија и Романија, за некој црногорски, босански или македонски политичар да им стави вето на одлуката за на пример поддршката на француското земјоделие. Во таа смисла не треба да сме вознемирени како граѓани и онаа нервозата со Албанија е непотребна – вели тој.

Во поглед на уставните измени, Богојески смета дека наместо нивно носење, ние треба да донесеме комплетно нов граѓански устав, по примерот на бројни европски држави, во кој наместо набројувањето на етничките групи, сите националности ќе се израмнат според правата, односно сите ќе бидат граѓани.

Тој се осврна и на односите во коалицијата, говорејќи дека дел од кадрите на Вреди влегоа во филмот на Али Ахмети, со цел да докажат кој од кој е поголем Албанец, за што смета дека е сосема непотребно.

– Јас со никого немам потреба да се докажувам колкав Македонец сум. Не знам зошто тие имаат таква потреба. Друг проблем е неизживеаноста. Знаете на што личеа кадрите на ДУИ пред 20 години. Кршеа државни возила, пукаа со пиштоли… Сега тоа го имаме кај Вреди. Манифестирање на неизживеаност.

Целото интервју проследете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!