
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Марјан Ѓорчев: Без национален консензус немаме шанса во преговорите со Бугарија
Ѓорчев смета дека една од најголемиот грешки направени од македонските политичари воопшто е потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, кој според Ѓорчев, нашата страна го испреговара и потпиша во недемократска и нетранспарентна процедура
Единството е важно, ако сме ние единствени и имаме отворен демократски процес, бидејќи демократијата е процедура, а процедурата е сè да биде донесено во парламентот и таму дигнеме рака 120 пратеника, позиција и опозиција дека предлогот наш Бугарите да влезат во Уставот го поддржуваат сите во Македонија со одложено дејствије, да знаете тоа ќе има голема поддршка во Европската Унија, вели поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев, кој понуди начин како да се надмине актуелната блокада поставена на евроинтегративниот пат на нашата земја.
Препорачано
– Иако сите сме согласни, повеќе од 80 проценти од населението на Македонија, од 1993-94 сите анкети покажуваат дека сме за Европската Унија и НАТО, генерално гледано меѓу политичкиот блок, но и меѓу граѓанските организации не постои единство како треба да се чекори и по тоа прашање треба да направиме дистинкција, а наша вина е и што не сакаме да си ги согледаме нашите грешки од минатото – изјави Ѓорчев во утринската програма на Слободен печат.
Тој смета дека една од најголемиот грешки направени од македонските политичари воопшто е потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, кој според Ѓорчев, нашата страна го испреговара и потпиша во недемократска и нетранспарентна процедура.
– Ако направите една грешка, таа може да биде мала, но ако потоа ја степенувате да стане голема и потоа да биде таква грешка која се нарекува катастрофална и тешко можете да ја исправите. Значи во овој момент го влеговме во преговори со Република Бугарија и да го потпишеме тој фамозен Договор за пријателство и соработка, прифаќајки ја целокупната агенда на бугарската страна, што е морам да кажам поминато низ една демократска процедура, јавни дебати по медиуми, академијата на науките, интелектуалците, граѓанските организации, а на крајот и парламентот, со што сите се согласија дека тоа е начинот со кој ние треба да се однесуваме кон Македонија. Од друга страна кај нас сè беше завиено во велот на тајноста, сè со некои нацрт заклучоци во Собранието, без дебата, не ги видовме протоколите што беа потпишани. Дури и од првата меѓудржавна конференција на Европската Унија со Македонија, двата објавени документи не беа објавени во македонското собрание – вели поранешниот амбасадот.
Ѓорчев е дециден дека нашата попустливот и отсуството на национален консензус, нè става во подредена позиција во односите со источниот сосед. Како позитивен пример на водење на надворешна политика е цврстиот став на Србија во односите со Бугарија.
– Србија има една тврда политика којашто многу јасно кажува дека доколку нема рамноправност, а рамноправност е токму прашањето на националните малцинства. Србите поставуваат едно многу коректно прашање, како е можно ние имаме бугарско малцинство во Србија за кое вие барате човекови права и граѓански слободи, кои ги добивате во образовниот систе, во партиципацијата во власта на српските граѓани со бугарска самосвест, а во Бугарија не ни еден Србин. Како е тоа возможно – прашува Ѓорчев.
Во Македонија само 61 бугарски државјанин се има пријавено за гласање на претстојните избори во Бугарија, додека пописот обелодени дека 3504 наши сограѓани се со бугарска самосвест. Тоа е многу помалку од објавената бројка од Министерството за правда на Бугарија, со која се тврди дека 120.000 Македонци досега добиле бугарско државјанство. Ѓорчев по ова прашање има став дека се работи за класичен пример за економска асимилација, кога Бугарија го користи своето членство во ЕУ, со цел да изврши асимилација врз нашите граѓани.
Целото интервју можете да го проследите на следниот линк: