Џуниор - свинско-опашести мајмуни / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Џуниор е најголемиот бељаџија во семејството на свинско-опашести мајмуни во ЗОО

Кое е е вашето омилено животно од Зоолошката градина – Скопје? Дали знаете како се вика, колку години има, од која земја потекнува и кога за првпат бил донесен тој вид, таа единка кај нас? Нашата Зоолошка постои од 1926 година и низ годините се развивала просторно, а растел и бројот на животните. Денес при посетата на Зоолошката градина можете да се запознаете со стотици разновидни единки, а секоја од нив крие посебна судбина.

„Слободен печат“, низ овој серијал, кој го нарековме „Лична карта на жителите на ЗОО Скопје“, ќе се обиде да ви ги доближи нивните приказни, нивните карактери и чувства. Ќе се обидеме да ви овозможиме да дознете што јадат и која е нивната омилена храна, ќе дознаете нешто ново и забавно, поврзано со омилените сожители во главниот град.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Кристина и Ганчо – крокодилите од Зоолошка за десерт јадат дудинки

 

Првата единка од расата свинско-опашести мајмуни во Скопје пристигнала во 2008 година. Семејство од Велес го чувало мајмунот Мики, но отакако станал возрасен, поради тоа што почнал да станува „неподнослив“ за домашни услови, правел големи нереди, одлучиле да го дадат во Зоолошката.

Мима - свинско-опашести мајмуни / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Мима – свинско-опашести мајмуни / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мики денес не е помеѓу нас, но неговото потомство го сочинува една мала и интересна фамилија. Некогашната жена на Мики, Мима, денес се грижи за Бобо, Кристина, Муфка и Џуниор, нејзини деца и внуци.

–  Се работи за многу интересна фамилија. Вие дојдовте сега кога им се служи појадок, но понекогаш тука во нивното живеалиште може да се види вистинско шоу, тие знаат да се бркаат, да се качуваат по дрвја, да си играат и да приредат една голема забава. Често им правиме и игри, а сега ќе видите како знаат да си направат интересна игра со една празна туба и лубеница. Бобо нема да ја земе одма лубеницата од тубата, туку самиот ќе си направи мала забава – вели за „Слободен печат“ Драган Трајковски, самостоен ЗОО-негувател.

Драган Трајковски- зоонегувател/ фото: Драган Митрески/Слободен печат
Драган Трајковски- зоонегувател/ фото: Драган Митрески / Слободен печат

Мајмуните по природа се весели суштества, но кај овој вид изразена е љубомората и надменоста, раскажува Трајковски, кој додава дека секогаш има доминантен член.

– Не мора тоа да зависи од пол или од возраст, понекогаш и најмалиот член знае да доминира. На пример, во случајов, најмалиот член Џуниор ги прави сите збрки и нереди. Има денови кога тука може да настане виситински хаос – вели Трајкосвки.

Целиот прилог погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот