Давор Кешќец - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Давор Кешќец - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Давор Кешќец: Љубовта е главна инспирација за сите уметници

Тој има само 28 години, но зад себе веќе носи впечатливо уметничко портфолио, Давор Кешќец е млад ликовен уметник кој дипломираше на Факултетот за ликовни уметности во 2020 година, на одделот за графика. Тој работи со акрил на платно, црта мурали низ урбани простори и се занимава со графички дизајн – три визуелни јазици што ги спојува во еден силен уметнички израз.

Во студиото на „Слободен печат“ зборувавме за тоа што го инспирира, како изгледаат деновите на еден млад уметник во Македонија и зошто изложбата ја сместува токму во едно градско бифе. Повод за разговорот е неговата десетта самостојна изложба „Љубовна месечина“ (Moon of love) која се отвора овој четврток, 26 јуни, во алтернативниот изложбен простор „Бифе Тафталиџе“, несекојдневна локација за уметност, каква што е и самата естетика на Давор.

За тоа како изгледа љубовта на платно, зошто месечината повторно се враќа во неговите слики и што всушност сака да ни пренесе со оваа поставка, Давор открива дека изложбата не случајно го носи насловот „Љубовна месечина“. Месечината, која се појавува како визуелен мотив и во неговите претходни дела, овојпат се поврзува со љубовта, емоција што, според Давор, секогаш го движи и инспирира.

– Оваа изложба е на некој начин продолжение на една моја претходна изложба која беше насловена „Сина месечина“ (Blue moon). Сакав месечината да се повторува, покрај љубовта која се протнува како тема и на тие дела и на овие сега, па некако беше најлогично и во името да се вметне месечината како мотив. Во уметноста најчеста тема е љубовта и ако не се изразат чувствата преку уметност, преку која друга струка би можеле? Инаку делата се работени во акрил на платно, бидејќи тоа е најдостапна техника за еден уметник. Во однос на стилот, тој за мене е комбинација од кубизам и поп-арт, тие два стила ми се главна инспирација, иако има разни подстилови што ме инспирираат, како германски експресионизам и пост-графити уметноста. Доста комбинирам и затоа е несекојдневен стилот кој го работам – вели Давор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот