ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Жарко Радовиќ: Нема гробишта за домашни миленици, се закопуваат по дворови и викендички

Д-р Жарко Радовиќ - ветеринар / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Топло време на почетокот на април, сега дождови. Наезда на крлежи. Колку се опасни за домашните миленици, а колку доколку завршат на човек? Како да се заштитиме и што да правиме доколку ни се закачи крлеж? Има ли во земјава гробишта за домашни миленици? Утрово во емисијата „Слободен печат“ одговор побаравме од д-р Жарко Радовиќ ветеринар од приватната ординација Пет-Вет.

-Дефинитивно присуството на крлежи не зависи од календарот туку од времето. Пред десетина години имавме во февруари високи температури и тогаш имаше појава на крлежи. И ова сега се должи на чудно високите температури. Крлежите коишто презимиле сега го бараат првиот домаќин. И веројатно тоа топло време ги измамува и луѓето, а нормално и милениците и со тоа се зголемува опасноста од крлежи-вели Радовиќ.

Тој објаснува дека се опасни како такви и треба да се бориме против нив и подготвени да го дочекаме овој прв момент и уништиме што поголем број. Заради тоа е многу битно домашните миленици, да бидат заштитени континуирано.

– Заштитата треба да биде и од болви. Болвите ги има четири сезони и зима и лето. Битно е да се користат средства за заштита и тоа редовно. Да запишуваат сопствениците. Не е исто ако се задоцни 15-тина дена, да внимаваат кога се користат ампули, да не се бањаат со шампон. Има орална заштита, каивчиња околу врат. Но треба да знаеме дека стопроцентна заштита не постои. И да користиме најскапо, најдобро, повторно, можеме да имаме гризнување-вели Радовиќ.

Ако се пак се закачи крлеж најдобро е да се отстрани поради опасноста од преносот на болести. За да имаме здраво милениче д-р Жарко вели дека мора превентивно да делуваме. По секое шетање преглед и бришење. За вечниот мит деца и домашни миленици колку е препорачливо и колку позитивно влијаат на нивниот развој докторот вели дека секогаш е за, бидејќи таа комбинација прави чуда.

-Самото дете има чувство на одговорност, миленик, дружба, а посебно од комуникацијата која влијае на челичење на имунитетот- вели ветеринарот.

Околу изборот на расата треба да се внимава да биде соодветно за куќата и за децата.

– Да не пати кучето, да не патиме и ние-вели докторот.

Околу отворањето на хотели за домашни миленици ветеринарот вели дека сè почесто се отвораат во земјава.

– Не е регулирано законски. Законска основа нема за такво нешто. И како ги сместуваат, како се регистрираат. Нема некоја регулатива и услови како се отвораат овие хотели и кои услови треба да се обезбедат. Веројатно ќе се донесе за кратко и ќе се одредат условите-вели докторот.

Тој вели дека ова веројатно ќе се случи во наредниот период. А што се однесува до понудата, тоа зависи од подготвеноста и условите кои ги нуди пансионот.

За уличните кучиња вели дека ние како држава не сме за евтаназија.

– Не е ни неопходна евтаназијата, за брзо решавање на проблемот. Потребна е стерилизација на сите, посебно на оние маалски миленичиња. И секако да се воведе плаќање на данок доколку сопственикот реши да не го стерилизира животното. Ако плаќа 100 евра данок тогаш мислам дека би бил стимулиран секој да го стерилизира и кастрира домашниот миленик-вели Радовиќ.

Околу гробниците за домашни миленици докторот вели дека во земјава нема гробишта за домашни миленици.

– Скопје, но и цела Македонија нема такво нешто, нема некаква иницијатива дека наскоро ќе добие. Сега угинатите животни завршуваат на приватни имоти, а тоа е нелегално. Нема начин и место каде да се закопаат. Може да биде добар економски потфат, тоа да биде простор каде за одредена сума, приватно, ќе се закопува. Меѓутоа не сум сигурен дали тоа ќе профункционира бидејќи нема легислатива. Тоа е проблемот. Закопувањето треба да биде на одбрано земјиште, да не загадува води, да нема теќенија. Верувам дека тоа би можело да профункционира, но кога и каде не знам-вели докторот.

Целото интервју погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот