
ВИДЕО+ФОТО: Владини министри со детонација на рид во гостиварска Горна Бањица го означија почеток на изградбата на Коридорот 8
Со детонации на еден од ридовите во атарот на село Горна Бањица гостиварско започнаа градежните работи на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар – Букојчани кој е дел од Коридорот 8.
Препорачано
„Ова е прва реална активност со која почнува изградбата на двата коридора. Тоа што сите го очекувавме го реализираме денеска, а го ветивме минатата недела. Тука каде што стоиме поминува новиот автопатот Гостивар – Кичево, а материјалот од минирањето ќе биде искористен за Тетово – Гостивар и за страничниот пат од Тетово. На најтранспарентнен, најотворен начин ги вршиме работите за да се убеди јавноста дека коридорите ќе се изградат во рекордно време и најквалитетно“, рече првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д Артан Груби.

Тој се огради од било какви влијанија за изборот на подизведувачи на „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10 Д
„Ниту Владата, ниту било која политичка партија или министер не смее, не си дозволува и нема право и никаква можност да влијае врз изборот на подизведувачи на конзорцуимот „Бехтел и Енка“, Нивна е одговорноста да го изградат патот и кого ќе изберат. Затоа што ако не го изградат патот во предвидениот рок од договорот, они всушност носат одговорност за тоа прашање и за сите подизведувачи и за сите кои ќе си ги изберат како партнери, во изградбата“, рече Груби на денешното почнување на градежните работи на Коридорот 8 делница Гостивар- Буковиќ.


Директорот на ЈПДП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска изјави дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му се префрлени над 176 милиони евра.
„Ниту Владата, ниту ЈПДП имаат каква било надлежност во изградбата и изведувањето на работите“, рече Рустеми.
На настанот присуствуваат американската амбасадорка Анџела Агелер, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски

Со Договорот што го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8 и на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10д.
.