ВИДЕО+ФОТО | Невидена дрскост на дело – кражба среде бел ден, во присуство на вработени на „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“

На сите ни е познато дека стапката на ситен криминал во нашата држава е во константен пораст; на што се должи тоа, одговор постојано даваат социолози, политиколози, МВР итн., но каква корист имаат граѓаните од разноразни статистики, согледувања и слично? Никаква.

Дека и ние како компанија се вклопивме во црната статистика, докажува настанот од минатата недела кога имавме „можност“, односно наш вработен, да биде ограбен среде бел ден, во нашите службени простории. Кражбата беше извршена од, за нас, непознато лице, кое најдрско влезе во една од просториите на „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ и по „претресување“ на секоја јакна во просторот – го „олесни“ нашиот вработен за паричник.

Настанот беше забележан од нашиот службен видеонадзор, а снимките (од повеќе агли) се предадени во подрачната единица на МВР каде што е и пријавен настанот. Се надеваме дека МВР ажурно ќе ја заврши својата работа, а вам, драги сограѓани, ви советуваме да водите (сепак) малку повеќе сметка за вашите предмети, заклучувајте врати, внимавајте кој ве контактира и по кој повод, бидејќи, како што вели народната изрека, „кој се чува и Господ го чува“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот