ВИДЕО+ФОТО |Давкова од Тетово со порака до Пендаровски: Вие сте делигитимиран и треба да си одите

Фото: Слободен печат

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на митингот кој вечерва го оддржа во Тетово, му порача нa политички опонент Стево Пендаровски од СДСМ дека треба да си оди оти како што посочи бил делегитимиран со оглед на тоа како што кажа во текот на неговиот прв мандат земјава не напредувале во повеќе свери од општественото живеење.

„Ако не го остварувате она што сте го ветиле, ако не сте напредувале во економијата, во здравството, социјалната заштита, образованието, вие сте делигитимирани и треба да си одите! Не да ветувате дека сега во вториот мандат чуда ќе направите. Однесувањето на нашиот претседател ми личи на Јанус со не знам колку лица. Еднаш вели: – Се што не сум остварил, ќе остварам. Па наредниот ден вика: – Се остварив, нема причина што друго да ветувам дека ќе остварам. Неверојатно“, рече претседателскиот кандидат од ВМРО ДПМНЕ.

Нас ни треба политичар со интегритет и дигнитет, политичар со народен лик, кој ќе биде со народот и меѓу народот преку народните канцеларии. Кој ќе биде меѓу народот преку пораките во Парламентот, дополни Силјановска.

„Кој ќе биде за народот кога ќе става вето, кој ќе биде исто така за државата и нацијата кога надвор ќе ги праќа најдобрите дипломати. Кој ќе биде за мирна Македонија, за безбедна Македонија, кога во Советот за безбедност ќе креира одлична политика. Кој ќе биде за уметност, наука и култура кога ќе им доделува награди на најдобрите. Кој ќе биде за право и правда кога во Судски совет ќе именува најдобри правници. Кога ќе биде за уставност и законитост, тогаш кога најдобрите судии ќе бидат во судовите. Тогаш тој ќе ја заслужи Македонија и ќе ја направи повторно горда“, додаде Силјановска.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

И претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со критики до Стево Пендаровски.

Фото: Слободен печат

„СДСМ нема ништо да кажат за извештајот на Фридом хаус. И додека научил една празна и често повторувана фраза дека немал ниту една црна дамка во кариерата, во извештајот на американската Фридом хаус стои дека државата каде тој е претседател е силно криминализирана, а новинарите што пишуваат за криминалот се под притисок на властите“, изјави Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Тетово.

Мицкоски дополни дека дека „исто така државата на која Стево е претседател, во извештајот стои дека има директно влијание на власта врз правосудните органи и обвинителството“.Тој упати прашања до Пендаровски во врска со тоа какви планови ковал во вила Водно со Артан Груби, Димитар Ковачевски и Али Ахмети .

„Овој чесниот Стево Пендаровски добро е да каже што правеше и какви планови коваше во вила Водно во присуство на Артан, Ковачевски и Ахмети пред неколку месеци поврзано со измените на Кривичниот законик и евентуална можна амнестија на поранешни политичари. Со која цел? Со цел да поминат на шверцерски начин уставните измени и да се прифати бугарскиот диктат, но истовремено да се амнестираат поранешни политичари кои ќе му нанесуваат штета или ќе имаат обид да му нанесат штета ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Стево Пендаровски треба на ова да одговори па потоа да дискутираме дали ќе одиме на дебата или нема да одиме од која патем кажано денес. Стево како најголем кукавица избега“, изјави Мицкоски пред насобраниот народ.

Пред присутните се обрати и кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојановска која кажа дека актуелниот претседател ги користи успешните за сопствен ПР, а како државник ништо не прави за нив.

„Е па, еве, да го потсетам Стево дека малиот Македон го искористи за сопствен ПР и првично само се сликаше со него, за да после поминати повеќе од половина година, под притисок од јавноста, му додели награда за млади таленти. Притоа, Стево порача дека, цитирам: „Неопходно е институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.“ – завршен цитат. Претседателот на „нивните“ – за кои сѐ уште немаат обезбедено учебници. Каков цинизам“. За случајот со онкологија, пак, каде буквално биле убивани болните од карцином, Стево не ни бекна. Ете тоа е Стево – курбла. Претседател наш – „голем“ маж! Затоа – не, благодариме! Стево – нула два, никогаш не беше и не може да биде наш. Тој беше сечиј, само наш не. Затоа, Стево, пакувај тоа куферите и бегај што подалеку од Македонија, бидејќи и самиот си кажа дека би ја напуштил, да не си бил нејзин претседател“, рече Стојановска.

Стојаноска додаде дека на Македонија и е потребен претседател како професорката Гордана Силјановска Давкова која беспрекорно ги знае законите и принципите на владеење. Таа упати и порака до кандидатката за претседателка да нема милост кон неправдата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот