ВИДЕОАНКЕТА : Што ќе значи отварањето на „Лидл“ за Аеродром? фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА : Што ќе значи отвoрањето на „Лидл“ за Аеродром?

Германскиот трговски синџир „Лидл“ денеска постави камен-темелник за нов маркет во скопската општина Аеродром, поточно во Реонски центар.

„Слободен печат“ направи анкета со присутните граѓани и постави неколку клучни прашања: Дали ги радува отворањето на „Лидл“, дали сметаат дека новиот објект ќе создаде сообраќаен метеж и проблеми со паркирањето, дали веруваат дека „Лидл“ ќе донесе конкуренција на постојните маркети…

Дел од анкетираните не беа доволно запознаени со брендот, велат дека слушнале позитивни работи од помладите генерации, за квалитетот и пристапните цени на производите.

– Сметам дека отворањето на „Лидл“ ќе создаде голема конкуренција и ние обичните луѓе да имаме некаква корист – изјави еден господин.

На прашањето дали очекува сообраќаен хаос, тој додаде дека населбата Аеродром е добро испланирана и нема да има дополнителен хаос во сообраќајот.

– „Лидл“ е добра фирма, би сакала да ја имаме во близина – рече една жителка на Аеродром, која сепак се двоуми за гужвите кои ќе го зафатат реонот поради немање на паркинг.

Друг анкетиран граѓанин се надева дека компанијата ќе најде решение за паркингот:

– Јас се надевам дека „Лидл“ ќе го реши тоа- вели тој.

-Мислам дека ќе биде голема конкуренција. Со цени, со артикли, со производи – додаде друг анкетиран граѓанин кој очекува со отварањето на маркетот да има гужва во населбата.

– Сè е убаво ново што ќе се отвори, ама конкуренцијата ќе ги уништи домашните фирми- вели еден господин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!