ВИДЕОАНКЕТА | Колку се грижите за вашето здравје?

Фото: Принскрин

Повод Меѓународен ден на здравјето 7 април. „Слободен печат“ ги праша граѓаните колку се грижат за нивното здравје? Изјавите поделени, дел од анкетираните редовно одат на превентивни прегледи, дел се трудат да го одржат здравјето со здрава исхрана. Постарите поодговорни кога се во прашање прегледите. Помладите здраво се хранат.

– Некако го миноризиравме здравјето, меѓутоа ќе треба да се вратиме кон себеси- вели возрасна скопјанка.

Млада девојка вели дека јаде здрава храна и се труди избалансирано да се храни. Постар господин вели дека се што прави во животот е умерено.

– Ако не, секој ден, секој втор ден јадам овошје. Зеленчук јадам секој ден- вели младо момче.

Госпоѓа објаснува дека повеќе работи на менталното отколку на физичкото здравје.

-На мобилните не треба многу да „работат“- вели еден скопјанец.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот