фото: Слободен печат

ВИДЕОАНКЕТА: Им пречи ли на граѓаните што новиот спикер на Собранието, Африм Гаши, ја кажа заклетвата прво на албански?

По бурните реакции на дел од корисниците на социјалните мрежи, за тоа што новиот собраниски спикер Африм Гаши, на заклетвата прво се обрати на албански јазик, „Слободен печат“ излезе на терен и ги праша случајните минувачи каков став имаат околу ова и дали следат политика.

Поголемиот број од анкетираните ни одговорија дека не ги интересира политиката и дека имаат „попаметна работа“.

– Имам многу работа, немам време да следам политика – одговори една млада девојка пред нашата камера.

Според една скопјанка, политиката е здодевна во последно време, не се случува ништо интересно за да ја следи.

Дел од нив, пак, одговорија дека не би требало да зборува на албански јазик.

– Сите политички состаноци, обраќања… според мене треба да се спроведуваат на официјалниот јазик на државата, а тоа е македонскиот, албанскиот треба да биде почитуван, но административните работи треба да бидат спроведени на македонски – рече еден млад скопјанец.

Граѓаните велат дека секоја политичка партија која не се согласува со однесувањето на Гаши требало да реагира. Според дел од прашаните и претстедателката требало да реагира, а едно младо момче рече дека во вакви ситуации и граѓаните не треба да молчат.

Неколкумина од анкетираните ни одговорија дека треба да се стремиме кон здраво мултиетничко општество.

– Секаде во светот каде што има мултиетничко население тоа е сосема нормално, јас немам никаков проблем со тоа. Ако се делиме етнички, нема никаде да стигнеме – одговори младиот скопјанец пред камерата на „Слободен печат“.

Целата анкета  на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот