Фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали одговарате на пораки од работа додека сте на одмор?

Колкупати досега сте се донеле во ситуација кога си користите одмор од работа, а добивате пораки од работа токму во тој период? Дали тогаш одлучувате да им излезете во пресрет на колегите или сепак се држите до тоа дека треба да се одморите од работа во тој период?

„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните дали одговараат на пораки од работа додека користат денови од одмор и дали одговараат на пораки додека се на боледување или имаат настинка.

Граѓаните имаа различни мислења на оваа тема. Дел од нив сметаа дека е во ред да се одговара на пораките од работа за време на одмор, а дел од нив сметаа дека не треба.

– Секогаш кога одиш на одмор се исклучуваш и тоа треба да биде вистински одмор. Ако некој ти ги доделил тие 5-10 дена, значи треба сосема да бидеш исклучен од обврските. Секогаш оставаш упатство, како може некој да заврши работа наместо тебе и исто така, мислам дека секој е заменлив – сподели една од анкетираните.

Спротивно на ова, еден од анкетираните одговори дека сепак треба да се одговори на пораките од работа.

– Јас сметам дека секогаш треба да се одговори на пораките од работа поради тоа што сепак има некои работи кои не можат да се одложат од бизнисот и работата – изјави тој.

Исто така, ги прашавме и дали одговараат на пораки додека се на боледување, на што еден турист ни го кажа следново:

-Зависи, ако сум сериозно болен за жал не би можел да одговорам, но ако сум настинат и навистина си ја сакам работата, тогаш ќе одговорам со цел работата да оди лесно – изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот