
ВИДЕО | Златниот фустан ја откри мистеријата: Лиам Хемсворт ја изневерил Мајли со Џенифер Лоренс?
Мајли Сајрус ја објави песната „Flowers“ за пропаднатиот брак со нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт, а на социјалната мрежа ТикТок почна да кружи видео каде обожавателите шпекулираат дека славната оскаровка Џенифер Лоренс е виновна за распадот на бракот.
Препорачано
„Не толку суптилно навестување“, пишува на снимката на ТикТок на која Лиам Хемсворт (33) и Џенифер Лоренс (32) позираат заедно на премиерата на филмот „The Hunger Games“. Со снимката, еден од корисниците шпекулира дека актерката е виновна за распадот на бракот на Лиам со Мајли.
@givemileyherflowers & that’s the tea ? #mileycyrus #mileytok #mileycyrusflowers #flowers #jenniferlawrence #liamhemsworth #popculture #music #foryou #fyp ♬ Flowers – Miley Cyrus
Мајли пред неколку дена ја објави песната „Flowers“ посветена на нејзиниот поранешен сопруг Лиам, а во спотот носи златен фустан каков што Џенифер Лоренс носеше на премиерата на споменатиот филм. Се шпекулира дека Сајрус носи фустан како на Џенифер бидејќи Лиам ја изневерувал со актерката за време на снимањето на филмот.
@putterjax Tell us Miley! Queen of shade #mileycyrus #flowers #liamhemsworth #jenniferlawrence @Joshua Pingley ♬ Flowers – Miley Cyrus
Видеото содржи и клип од статија во која Џенифер еднаш ја потврди нивната романса. Како што пишува „Венити фер“, актерката гостувала во емисијата „Watch What Happens Live with Andy Cohen“ и рекла дека се бакнала со Лиам.
„Лиам и јас пораснавме заедно. Лиам е навистина згоден. Да, се бакнавме“, рекла Лоренс.
Дополнително, видеото за песната „Flowers“ е снимено во вилата каде актерот ја изневерува пејачката со повеќе од 14 жени додека биле во брак.
ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира
ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира