ВИДЕО | Жирона по три натпревари им се врати на победите

Фото: EPA-EFE/David Borrat

Eкипата на Жирона по три кола без победа вечерва славеше против Рајо Ваљекано со што ја задржа втората позиција на табелата каде што привремено беше Барселона.

Жирона победи со 3:0, но два од трите гола беа постигнати во судиското продолжение. Циганков го отвори резултатот во 52. минута, додека Савио двапати го матираше Столе Димитриевски во 91. и 96. минута.

Рајо од друга страна и со новиот тренер не успеа да дојде до победа и вечерва го одиграа шестиот натпревар без триумф. Последен пат го победија Гетафе со 2:0 на 2. јануари.

Во денешниот натпревар играа и со играч помалку од 76. минута кога Чаварио го заработи два жолти картони во една минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот