фото: EPA-EFE/R. Garcia

ВИДЕО | Жирона и Миовски скоро го обезбедија опстанокот во Ла Лига

Фудбалерите на Жирона го совладаа Ваљадолид со 1:0 на гостински терен во рамките од 36 коло во најсилното шпанско првенство.

Стрелец на единствениот гол беше Стуани во 80 минута по асистенцијата на Давид Лопес.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше на клупата за резервни играчи во тимот на Жирона, но не доби минутажа.

Жирона по оваа победа скоро го обезбеди опстанокот во Ла Лига, моментно има седум бодови повеќе повеќе од тимот на Леганес кој е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција.

Леганес својот меч од ова коло ќе го има в среда на гости против Виљареал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот