Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Зебра побегна од зоолошка во Сеул, со часови лутала по улиците
Зебра била вратена во зоолошката градина во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, откако поминала три часа на слобода. Машката зебра, по име Серо, што на корејски значи вертикала, побегнала од зоолошката градина Гранд Парк во Сеул во четвртокот попладне, пренесува „Би-Би-Си“.
Препорачано
Полицијата, пожарникарите и вработените во зоолошката биле вклучени во обидот безбедно да ја фатат зебрата. Видеата објавени на интернет го покажаа животното како поминува покрај густиот сообраќај.
Videos and pictures emerging of a zebra on the loose in the streets of Seoul today pic.twitter.com/UntZ4uRbvu
— Hyunsu Yim (@hyunsuinseoul) March 23, 2023
Серо, исто така, бил виден како лутал по улиците на градот пред да биде фатен од властите. Младата зебра, која се родила во зоолошката градина во 2021 година, наводно побегнала откако ја скршила дрвената ограда, велат од противпожарната станица во Сеул.
Серо на крајот бил фатен од официјални лица користејќи заштитна ограда откако влегол во тесни улички. Тој бил смирен пред да биде однесен назад во зоолошката градина.
Официјален претставник на Зоолошката градина Гранд Парк изјави за „АП“ дека зебрата била прегледана од ветеринари и е во стабилна состојба. Во зоолошката се сместени повеќе од 400 животни од 38 видови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
28мин
-
34мин
-
36мин
-
39мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5