
ВИДЕО | Заљубена девојка го истетовира името на дечко ѝ на чело: Сите велат дека ќе зажалам
Една заљубена девојка од Полска решила да му ја докаже љубовта на своето момче тетовирајќи го неговото име на лицето. Вели дека нема да зажали затоа што е сигурна дека никогаш нема да ја прекине врската.
Препорачано
Ана Стансковски вели дека е заљубена во својот дечко и нејзината тетоважа дефинитивно го докажува тоа.
Откако таа објави видеа на ТикТок во кои таа ја покажува тетоважата и процесот на тетовирање, многумина решија да ѝ коментираат дека ќе зажали за што ја ставила на своето лице. Но, Ана и понатаму тврди дека е заљубена и никогаш нема да зажали за одлуката.
@user3lx20fhcaaMy new face tattoo ❤️♬ original sound – user25935773478
„Сите ми велеа дека ќе зажалам, но секогаш кога ќе се погледнам во огледало сум заљубена. Вљубена сум во тетоважата и вљубена сум во дечко ми “, им одговара Ана.
Во видеата таа отишла и чекор понатаму, велејќи дека секој треба да го истетовира името на својот партнер. Тврди дека ако навистина сакаш некого, тоа треба да го покажеш.
@user3lx20fhcaa Replying to @Dydyfycy Let me prove its real #tattoo #facetattoo ♬ original sound – user25935773478
„Мора да го докажеш. Ако вашата девојка не сака тетоважа со вашето име на лицето, само треба да најдете нова девојка“, вели таа.
Ана вели дека не е загрижена за раскинувањето бидејќи се тетовирала за да ја покаже својата љубов и смета дека тетоважата е убава.