Фото: Скриншот/ТикТок

ВИДЕО | Заедно се 82 години: Маж и жена танцуваа како принц и принцеза од „Дизни“, по повод нејзиниот 100. роденден

Емотивен танц меѓу повозрасна двојка стана вирален хит на социјалните мрежи. Американката Мејси Монтгомери објави видео на ТикТок од нејзиниот прадедо, Елтон Денер, кој користи специјално помагало за да може да танцува со својата сопруга, Бети Денер, во чест на нејзиниот јубилеен 100. роденден. Видеото досега собра речиси 10 милиони прегледи, а бројката постојано расте, пренесе „Еј-би-си“.

Во текст над видеото, Монтгомери откри дека нејзиниот прадедо го купил ова помагало специјално за роденденската прослава.

Во разговор за „Добро утро, Америка“, Монтгомери објасни дека снимката е направена на 14 декември 2024 година, два дена пред нејзината прабаба да го прослави својот 100. роденден, на 16 декември.

„Моите прадедо и прабаба пораснале во време кога танцувањето беше посебен дел од животот, и по 82 години брак, таа љубов сè уште не згаснала. За нејзиниот 100. роденден, прадедо ми (кој исто така има 100 години) користеше стоечко помагало за да можат да танцуваат заедно на нивната омилена песна – ‘Moonlight Serenade’ од Глен Милер. Не остана ниту едно ‘суво око’ во просторијата,“ раскажа Монтгомери.

@macemontgomery & just celebrated their 82nd wedding anniversary ?? #grandparents #100yearsold #dance #goals #relationship #love ♬ original sound – maceymonty


На снимката, Бети и Елтон Денер се облечени во костими инспирирани од анимираните филмови на „Дизни“ – таа како Пепелашка, а тој како нејзиниот принц.

Според Монтгомери, тематската „Дизни“ забава била посебен гест за нејзината прабаба, бидејќи таа веќе не можела да патува таму.

Видеото го привлече вниманието и на тимот кој го менаџира официјалниот профил на „Дизни“, од каде искоментираа: „Ова е вистинска бајка со среќен крај“. „’Дизни’ е нивната среќна приказна!“ одговори Монтгомери, додавајќи: „Роденденот беше четиридневна ‘Дизни’ прослава! Бидејќи веќе не можат да одат таму, ние го донесовме Дизни кај нив!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот