Profimedia

ВИДЕО | За снимањето на познатата сцена во бикини во „Чарлиевите ангели“, Деми Мур имала само еден услов

Холивудската ѕвезда Деми Мур конечно откри што се случувало зад сцената пред снимањето на нејзината сцена во бикини во филмот „Чарлиевите ангели 2: Полна брзина“ од 2003 година.

За време на гостувањето во „Шоуто на Дру Баримор“, 62-годишната Деми Мур призна дека имала само еден услов пред да се согласи да ја сними сцената која подоцна станала предмет на бројни дискусии.

„Единственото нешто што го памтам е дека ги молев да не ми го снимаат задникот. Не знам зошто тоа ми беше опсесија“, рече актерката низ смеа, предизвикувајќи воодушевување кај публиката.

Актерката откри дека имала само три и пол недели да се подготви за улогата на Медисон Ли, поранешен „ангел“, која станува негативка, што всушност не ѝ оставило многу време да размислува за својот изглед.

„Немав време да размислувам за тоа како изгледам, што всушност беше подобро“, објасни Мур, додавајќи дека морала да ги „одвои“ своите мисли и да се фокусира исклучиво на улогата.

Водителката на емисијата, 50-годишната Дру Баримор, која исто така глумеше во филмот, не го криеше своето восхитување од својата колешка: „Никој не може да го постигне за три недели она што ти го покажа. Не постои магично стапче што може да те донесе до тоа за три недели. Пробав тринеделна диета и не заврши така.“

Мур, која имаше 40 години во времето на снимањето на филмот, призна дека не била подготвена за медиумското внимание што го предизвикала сцената, особено коментарите поврзани со нејзините години.

Интересно е што Мур се врати на глумата по долгата пауза што ја направи за да им се посвети на своите ќерки – Румер, Талула и Скаут. Токму тие ја убедиле да ја прифати улогата.

-Престанав да работам и бев само со нив сè додека конечно не рекоа: „Мора да го снимиш овој филм“. Го обожаваме првиот дел. Мора да го снимиш овој филм“, се присети актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот