Фото: @thewhistle41 / Твитер / принтскрин

ВИДЕО: „Водопад“ се слева низ потпорен ѕид, улицата „Козле“ поплавена

Вистински потоп се случи вечерва по силните дождови во скопската населба Козле, каде силна вода, во форма на голем водопад, се слеваше преку потпорен ѕид и поплави дел од улицата „Козле“, отежнувајќи го сообраќајот.

На Твитер е објавена снимка од невообичаениот „водопад“, кој се слева од ридот на кој се наоѓа населбата Жданец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот