фото: EPA/DANIEL HAMBURY

ВИДЕО | Усик го нокаутираше Дубоа и ја одбрани титулата на Вембли

Украинскиот боксер Олександр Усик успешно ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија, откако го нокаутираше Даниел Дубоа во петтата рунда од борбата во Лондон пред повеќе од 70.000 гледачи на стадионот „Вембли“.

Усик го контролираше ритамот од самиот почеток на мечот, а клучниот момент се случи во петтата рунда кога двапати го нокаутираше британскиот предизвикувач.

По вториот нокдаун, Дубоа не можеше да стане, па судијата ја прекина борбата на 1:52 минути до крајот на рундата.

Со оваа победа, 38-годишниот Украинец уште еднаш ја потврди својата доминација во тешката категорија, во реваншот против Дубоа, речиси две години по нивната прва, контроверзна борба во 2023 година.

Усик го победи Дубоа на 26 август 2023 година на стадионот ФК Сљонск во Вроцлав, Полска, со нокдаун во деветтата рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот