фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

ВИДЕО | Унион Берлин со пресврт до триумф над Ајнтрахт Франкфурт во Бундес лигата

Фудбалерите на Унион Берлин го совладаа Ајнтрахт Франкфурт со 2>1 на гостински терен во натпреварот од 25 коло во Бундес лигата.

Ајнтрахт поведе со голот на Миши Батшуаји во 13 минута, а израмни Леополд Керфелд во 62 минута. Победата за Унион ја донесе Јужнокореецот Јеон Ву-Јон со гол во 78 минута.

Ајнтрахт имаше добра шанса за израмнување во петтата минута од судиското продолжение, но Уго Екитике не го реализираше пеналот.

Унион ја прекина серијата од три порази и по седмата победа се наоѓа на 13 место на табелата со 26 бодови.

Ајнтрахт го претрпе третиот последователен пораз, вкупно седми и е четврти со 42 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот