
ВИДЕО | Украина одлична игра во второто полувреме до пресврт и победа против Словачка
Украина со пресврт ја победи Словачка во Дизелдорф 2:1 и така најави супер неизвесна завршница во оваа група „Е“.
Препорачано
Словачка тргна офанзивно и добро играше создаваше шанси пред голот на Лунин, а таквата игра им се исплатеше во 17. минута Шранз се запиша во листата на стрелци и донесе водство. Имаше Словачка и уште некоја одлична прилика до крајот, но не ја реализираше.
Goal: Ivan Schranz | ?? Slovakia 1-0 Ukraine ??pic.twitter.com/KMUTFOmFO9
— PushGoals (@PushGoals) June 21, 2024
Украина знаеше на моменти да се закани, меѓутоа беше во подредена улога. Таквата ситуација се промени во второто полувреме кога Словачка комплетно падна во играта и како што одминуваше времето Украинците ја преземаа доминацијата на теренот.
Голот за изедначување дојде во 54. минута кога стрелаше Шапаренко, а комплетниот пресврт се случи во завршницата кога во 80. минута Јаремчук мајсторски реагираше и ја смести топката во мрежата. Во оваа група сега сите опции се отворени бидејќи Романија, Словачка и Украина имаат по три бода. Белгија е без бодови, но својот натпревар од второто коло го игра утре против Романија и ако славе победа тогаш во последното коло сите три репрезентации ќе влезат со по три бода.
Goal: Shaparenko | ?? Slovakia 1-1 Ukraine ??pic.twitter.com/I0dUj4n3JB
— PushGoals (@PushGoals) June 21, 2024
Goal: Yaremchuk | ?? Slovakia 1-2 Ukraine ??pic.twitter.com/h1y8wUJmrx
— PushGoals (@PushGoals) June 21, 2024