ВИДЕО | Украина одлична игра во второто полувреме до пресврт и победа против Словачка

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Украина со пресврт ја победи Словачка во Дизелдорф 2:1 и така најави супер неизвесна завршница во оваа група „Е“.

Словачка тргна офанзивно и добро играше создаваше шанси пред голот на Лунин, а таквата игра им се исплатеше во 17. минута Шранз се запиша во листата на стрелци и донесе водство.  Имаше Словачка и уште некоја одлична прилика до крајот, но не ја реализираше.

Украина знаеше на моменти да се закани, меѓутоа беше во подредена улога. Таквата ситуација се промени во второто полувреме кога Словачка комплетно падна во играта и како што одминуваше времето Украинците ја преземаа доминацијата на теренот.

Голот за изедначување дојде во 54. минута кога стрелаше Шапаренко, а комплетниот пресврт се случи во завршницата кога во 80. минута Јаремчук мајсторски реагираше и ја смести топката во мрежата. Во оваа група сега сите опции се отворени бидејќи Романија, Словачка и Украина имаат по три бода. Белгија е без бодови, но својот натпревар од второто коло го игра утре против Романија и ако славе победа тогаш во последното коло сите три репрезентации ќе влезат со по три бода.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот