ВИДЕО | Почина Кала, мачката која пееше и беше ѕвезда на интернет

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почина Кала, распеаната мачка која се прослави на социјалните мрежи, објави нејзината сопственичка Елизабет Тот.

„Потресена сум што морам да споделам со вас дека Кала почина. Ја вдомив, мислејќи дека е млада и целиот живот е пред неа. Но, Кала се разболе и не се опоравуваше. Ја однесов на ветеринар, каде тестовите открија дека таа е многу постара отколку што мислеше ветеринарот и азилот. Иако бевме оптимисти и Кала храбро се бореше, нејзината состојба не се подобруваше. Кала на крајот почина во моите раце од старост. Беше опкружена со луѓе кои ја сакаат. Ви благодарам што ја сакавте исто како и јас. Сите вие ​​ѝ овозможивте да живее засекогаш. Никогаш нема да заборавиме колку беше посебна“, напишала нејзината сопственичка на социјалните мрежи.

 

@elizabethtoth23 Cala will live on forever thanks to all of you 🧡🐱 #RIPCala #igomeow #catsoftiktok #cattok #orangecatbehavior ♬ Night Trouble – Petit Biscuit

Инаку, Кала се прослави по виралното видео „I Go Meow“ кое подоцна беше повеќепати обработено. Најпознатата обработка секако е онаа на музичарот Дејвид Скот, попознат како The Kiffness, кој на изведбата на Кала додаде свој текст и музичка придружба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот