Фото: Принтскин / Јутјуб

ВИДЕО | Учествувале повеќе од 300 луѓе: Заедница во Мичиген формираше човечки синџир и премести 9.100 книги

Заедницата во Челзи, Мичиген формираше човечки синџир и помогна да се преселат 9.100 книги и стотици кутии на новата локација на локалната книжарница „Серендипити букс“.

Кога сопственичката на книжарницата Мишел Туплин решила да ја пресели филијалата на поголем простор, се соочила со логистички предизвик – како да премести голем број книги без да ја затвори книжарницата на неколку дена, пишува „Ен-би-си“.

Туплин ги повика доброволците да помогнат, а резултатот беше човечки ланец за транспорт на книги, долг околу 100 метри и се протегаше од стариот магацин до новата локација на книжарницата. Во акцијата учествувалњ повеќе од 300 луѓе.

За неполни два часа беше преместен целиот инвентар на книжарницата, по азбучен ред.

Новата локација на книжарницата, која е двојно поголема од претходната, ќе биде отворена кон крајот на месецов, во пресрет на Денот на независните книжарници – 26 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот