
ВИДЕО | Трипл-дабл на Џејмс во победата на Лејкерс против Сакраменто
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс победија на домашен терен Сакраменто 131:127 во рамките од НБА лигата.
Препорачано
Леброн Џејмс беше најефикасен во победничкиот тим, забележа трипл-дабл учинок, мечот заврши со 32 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Ентони Дејвис постигна 31 поен и имаше девет украдени топки и две асистенции.
Кај Кингси најдобар беше Домантас Сабонис, кој исто така забележа трипл-дабл со 29 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Дијарон Фокс постигна 28 поени со 10 асистенции и пет украдени топки.
Кошаркарите на Феникс на домашен терен го победија Далас со 114:102. Во редовите на Феникс најдобар беше Кевин Дурент со 31 поен. Во поразениот тим се истакна словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ со 40 поени, 10 скокови и четири асистенции.
На другите натпревари во НБА беа постигнати следниве резултати: Денвер – ЛА Клиперс 104:109, Шарлот – Мајами 106:114, Детроит – Бостон 118:124, Вашингтон – Кливленд 116:135, Чикаго – Оклахома 95:114, Мемфис – Орландо 124:111, Минесота – Торонто 112:101 и Сан Антонио – Хјустон 109:106.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5